Kristina Maslareviç
26 Февруари 2016•Ажурирај: 28 Февруари 2016
БЕЛГРАД (АА) - Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ, рече дека Србија добила официјално соопштение од хрватската полиција дека Словенија и Хрватска нема да примаат повеќе од 500 мигранти на ден, јавува Anadolu Agency (АА).
„Претходната вечер добивме извесување од хрватската полиција, кои тие го добиле од словенечката полиција, дека од денес се применува нов режим и дека Словенија и Хрватска нема да примаат повеќе од 500 лица дневно и тоа е најнова измена”, рече Стефановиќ и додаде дека Србија барала и добила изјаснување во врска со тоа, за да има доказ „дека тоа не е нешто што Србија го измислува”.
Тој кажа дека во Србија моментално се наоѓаат нешто помалку од 2.000 лица, од кои во последните неколку дена само 38-мина од нив побарале азил и објасни,
„И оние кои претходно побараа азил го сториле тоа за да останат неколку дена и да се одморат, со цел да продолжат понатаму”, рече Стефановиќ.
Стефановиќ повтори дека мигрантите не сакаат да останат во Србија, туку целта им е некоја од земјите од западна Европа, а клучно прашање е дали тие држави сакаат да ги примат или не.
„Ситуацијата се влоши во претходните неколку месеци. Беше зима, кога имаше затишје, кога можевме поинтензивно да решаваме, но не го сторивме тоа затоа што не постои единствено решение. Европските земји имаат различно видување, од оние кои не сакаат да видат ниту еден мигрант на своја територија, до оние кои поднесоа најголем товар”, рече Стефановиќ.
Наведувајќи дека во Србија немаше ниту еден поголем проблем со мигрантите досега, Стефановиќ рече дека Србија води сметка за своите граѓани, дека ќе биде зачувана безбедноста и стабилноста, но дека сака да покаже и солидарност.
Најавувајќи дека во вторник во Белград ќе се одржи оперативен состанок на кој ќе се состанат директорите на полициите на Грција, на земјите од Балканската рута, Германија, Холандија и сите кои се важни во процесот. Стефановиќ, говорејќи за одобрувањето во случај на потреба, силите на Војската на Србија да се стават во целосна готовност, рече дека тоа ангажирање сè уште не е потребно и додаде,
„Но, не можеме, кога гладаме натрупување на луѓе во Грција, да го чекаме моментот да се пробие грчко-македонската граница и десетици илјади луѓе да се вдадат кон Србија и тогаш да се сетиме. Ние сме подготвени”.