Almir Terzic
26 Февруари 2016•Ажурирај: 27 Февруари 2016
САРАЕВО (АА) - На Конференцијата за проширување на Европската унија, која денес и утре се одржува во Софија, во рамките на "MAXCAP" проектот, се претставени препораките за стратегијата на проширувањето на ЕУ, како и досегашните резултати на "MAXCAP" проектот, кој се занимава со максимизирање на капацитетите на земјите за процесот на интеграција во ЕУ, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓу останатото, учесниците на Конференцијата од Македонија, БиХ, Црна Гора, Србија и Турција разговараат за интеграција на капацитетот на владеењето на правото во регионот на Западен Балкан и интеграција на источните земји преку политиката на заедништво.
Исто така, разговарано е и за ефектот на источното проширување врз способноста на донесување одлуки во ЕУ, како и за јакнењето на владеењето на правото во Бугарија и Романија по нивното пристапување во ЕУ.
На учесниците на Конференцијата им се обрати, меѓуостанатите, претседателот на Парламентот на Република Бугарија, претставникот на Европскат комисија како и претставници на универзитети од Софија, Лондон, Лајден и Будимпешта.
"MAXCAP" проектот, кој се финансира од средства на ЕУ, е креиран со цел зајакнување на постоечките и создавање на нови врски помеѓу експерти од академската заедница и светот на политиката за прашања кои се однесуваат на процесот на проширување на ЕУ.