İhvan Radoykov
28 Јуни 2017•Ажурирај: 28 Јуни 2017
СОФИЈА (АА) - Сопругата и двете ќерки на заменикот главен муфтија на Бугарија, Бирали Бирали, беа цел на физички напад, поради носењето шамија, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералниот секретар муфтиството на Бугарија, Џелал Фаик, за АА рече дека сопругата и 16-годишната и 20-годишната ќерка на заменикот на главниот муфтија се нападнати додека во квартот „Свобода“ во главниот град Софија купувале во маркет.
Истакна дека ги нападнале две млади женски лица и еден маж.
Сопругата и ќерката на заменикот на главниот муфтија на Бугарија по нападот се префрлени во болница, додека напаѓачите, наводно, избегале од местото на настанот.
Полицијата наведе дека започнала истрага во врска со нападот, додавајќи дека моментално ги прегледуваат снимките од безбедносните камери од тоа подрачје.
Од полицијата, како што рече генералниот секретар на Муфтиството на Бугарија, кажале дека првичните индиции говорат оти напаѓачите ги нападнале жените поради тоа што биле покриени (носеле шамии).
Од Муфтиството на Бугарија порачаа дека чувствуваат голема вознемиреност поради насилството над муслиманките кое, како што кажаа, го нарушило славењето на муслиманските верници во текот на Рамазан Бајрам.
„Сакаме што поскоро да бидат уапсени лицата кои нападнаа невини луѓе и да одговараат пред лицето на правдата. Не сакаме меѓуверска поларизација во земјата и нема да прифатиме овој ужасен настан, кој се случи во деновите на нашиот празник, да остане неказнет“, рече Фаик.
Заменикот на главниот бугарски муфтија, кој бил сведок на нападот, истакна дека сѐ уште се во шок.