Admir Fazlagic
27 Јуни 2017•Ажурирај: 28 Јуни 2017
СКОПЈЕ (АА) - Станарите на зградите коишто се лоцирани на улица „Босна и Херцеговина" во скопската општина Бутел, се собраа во попладневите часови да го изразат своето негодување поради започнатите градежни работи, односно проширување на булеварот, со што, како што сметаат тие, се узурпира дел од заедничката површина каде што се нивните станови, ќе биде нарушен влезот до зградите, ќе биде доведена во прашање нивната безбедност, ќе биде нарушена зелената површина и ќе бидат одземени паркинг просторите, јавува Anadolu Agency (AA).
По тој повод група станари на зградите, денеска попладне накратко ја блокираа улицата Босна и Херцеговина за да го искажат совето незадоволство поради проширување на булеварот на оваа улица. Во име на граѓаните се обрати Стевче Сoколовски, станар од улицатата, кој рече дека граѓаните не биле информирани дека на овој булевар ќе се вршат одредени градежи активности со кои ќе биде доведена во прашање безбедноста на станарите, особено на децата.
„Со проширување на булеварите Босна и Херцеговина и Христијан Тодоровски Карпош ќе биде узурпирана зелената површина, булеварот ќе дојде на 10 метри на влезот од нашите згради. Децата веднаш доаѓаат по булеварот а ние не сме сигурни деќа ќе се вози со ограничена брзина и може многу лесно да дојде до собраќајна незгода", изјави за АА Соколовски.
Тој рече дека децата од овие згради ќе нема каде да се играат и да се социјализираат, дека ќе биде доведена во прашање безбедноста на сите станари од овој реон, посебно на децата, како и дека ќе се наруши баласнот на комплексот со постоечкиот булевар.
Од тие причини, појасни Соколовски, станарите на зградите лоцинари на улица Босна и Херцеговина изготвиле барање во кое ги навеле горенаведените причини и утре истото ќе го достават до Град Скопје и Општина Бутел, бидејќи не се точно сигурни кој ги врши градежните активности затоа што, како што наведе, никој не ги известил за започнатите градежни активности.
Меѓу другото, граѓаните бараат да дојдат компетентни лица од надлежните институции, да им објаснат и да укажат дека тоа што ќе се прави нема да ја наруши безбедноста на станарите, особено на децата. Тие веруваат дека може да се изнајде решение со кое нема да се узурпира влезот на постоечните станови.
Порачуваат дека становите се направени според детален урбанистички план, како и дека поради тоа не би сакале да бидат изманипулирани.
Очекуваат дека од надлежните органи ќе бидат сослушани и дека ќе се изнајде соодветно решение.
Исто така, најавија дека во знак на револт на градежните активности и утре во попладневните часови ќе организираат мирен собир.