Ekipa
22 Март 2016•Ажурирај: 23 Март 2016
ПАРИЗ (АА) - Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казенев, изјави дека смртоносната експлозија во Брисел е потсетник дека за време на Европското фудбалско првенство ова лето во Франција ќе биде потребно високо ниво на безбедност, јавува Anadolu Agency (AA).
Говорејќи неколку часа по експлозијата во Брисел, во која загинаа повеќе од 30 луѓе, Казенев изјави дека сè ќе дојде на свое место до турнирот кој ќе се одржи од 10-ти јуни до 10-ти јули оваа година, за да биде загарантирана колективната безбедност.
По нападот во Париз на 13-ти ноември минатата година, во кој загинаа 130 лица, организаторите на ЕУРО 2016, дополнително ги зајакнаа мерките за безбедност и направија измени во фан-зоните.
Казенев додаде дека државата ќе одвои две милијарди евра за видео надзор на подрачјата кои се определени за јавни собири.
Францускиот министер за внатрешни работи, на крај рече дека ЕУРО 2016 „треба да донесе спортска поврзаност, радост и безбедност за сите тимови и навивачите”.