Doga Kirmizioglu
25 Март 2016•Ажурирај: 27 Март 2016
АНКАРА (АА) - Поранешниот англиски фудбалер Дејвид Бекам, купи земјиште во Соединетите Американски Држави (САД) на кое планира да гради стадион за својот фудбалски клуб Miami Beckham United (MBU), пренесува Anadolu Agency (AA).
Од клубот соопштуваат дека Бекам во Овертаун во Мајами купил земјиште од 2.630 дунуми (1 дунум = 1.000 метри квадратни), поради изградба на стадион.
Не е наведено колку чинело земјиштето но станува збор за земјиште кое е во близина на Атланскиот Океан како и во близина на автобуските станици и градското метро. Се планира изградбата на стадионот да започне веднаш по одобрувањето на дозволите.
Се очекува клубот на Бекам во 2018 година да заземе место во Првата американска фудбалска лига (Major League Soccer).