Kemal Karadağ,Enes Kaplan
18 Декември 2016•Ажурирај: 18 Декември 2016
ТРАБЗОН (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, вчера, при обраќањето на жителите кои го пречекаа во Трабзон, каде што пристигна по повод денешното отворање на стадионот на екипата Tрабзонспор, изграден над Црното Море, истакна дека народот во Турција е обединет и сложен на патот на напредокот на оваа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
„Овој народ е едно тело на патот по кој чекореше. Секогаш го велам ова: ние ќе бидеме едно тело, ќе бидеме големи, силни, ќе бидеме браќа. Сите заедно ќе бидеме Турција“, рече Ердоган.
Истакна дека терористичките напади, како оној во Кајсери, нема да ја одврати Турција од патот кон напредокот.
„Тие може да бидат бомбаши-самоубијци, или каков било вид бомбаши, но ним ќе им дојде крајот. А на овој народ никогаш. Како што се бореше храбро овој народ низ историјата, и ние ќе се бориме со овие со леснотија, и ако даде Господ, ќе победиме. Најважно е вие да не им дозволите да се инволвираат меѓу вас“, рече турскиот претседател.
Тој на крај ги повика граѓаните да ги пријават на безбедносните сили сите оние кои се сомнителни.
„Каде и да се наоѓаат, кого и да го знаете, веднаш пријавете ги на силите на безбедност“, рече Ердоган.
Да потстиме, најмалку 13 турски војници загинаа, а 56 се ранети во вчерашниот бомбашки напад во турскиот град Кајсери, во централна Турција. Бомбаш-самоубиец го активираше експлозивот во автомобил во близина на на автобус, во којшто се наоѓаа војници тргнати в град на отсуство.
На крај, тој ги покани граѓаните на отворањето на спортскиот комплекс во Tрабзон што ќе се одржи денес.
Во Трабзон, град во северна Турција, денес свечено ќе биде отворен новиот стадион на турскиот прволигаш Tрабзонспор, а станува збор за најмодерниот фудбалски комплекс што е изграден над Црното Море.
Спортскиот комплекс Акјази, во рамките на којшто се наоѓа и новиот стадион на турскиот прволигаш, го изгради владината канцеларија за изгрдаба на станбени објекти (TOKI).