Harun Kaymaz
15 Декември 2018•Ажурирај: 16 Декември 2018
БИЛЕЏИК (AA) – Харун Кајмаз -
Бројни се предрасудите кога станува збор за односот на жените кон фудбалот, но со текот на времето сѐ повеќе се рушат овие стереотипи. Една од нив, која ги руши стереотипите, дефинитивно е и 71-годишната Ханим Олџер од местото Бузујук, недалеку од градот Билеџик. Олџер има 8 деца, 45 внучиња и е голем љубител на фудбалот, пишува Anadolu Agency (AA).
За разлика од повеќето машки кај кои љубовта кон фудбалот се сведува само на следење на натпреварите преку телевизија, Ханим Олџер, иако е веќе во осмата деценија од својот живот, секој меч на локалниот клуб „Иџкојаспор“, вклучувајќи ги и гостинските, ги следи од трибините.
По потекло е од источниот град Битлис, а во разговор за АА се присетува на младоста кога на радио ги слушала натпреварите на Бешикташ, за кој и денес страствено навива. Освен тоа, нејзин син пред четири години го основал локалниот клуб „Ичкојоспор“, за кој навива и ги следи сите негови натпревари.
Колку за Олџер значел фудбалот во нејзиниот живот покажува и фактот што на еден од синовите му го дала името Фејаз, по некогаш познатиот фудбалер на Бешикташ. За жал, синот Фејаз починал кога имал само една година.
Олџер истакнува дека нејзината љубов кон фудбалот никогаш не згаснала.
„Веќе четири години одам на секој натпревар на нашиот клуб Искојаспор. Ќе продолжам да одам на секој натпревар сѐ додека не умрам“, рече Олџер.
Претседателот на фудбалскиот клуб Искојаспор, Ибрахим Олџер, исто така се присетува на детството и на љубовта кон фудбалот.
„Во тоа време немавме телевизија. Слушавме за натпреварите преку радио. Мајка ми секогаш внимателно слушаше. Потоа купивме ТВ-приемник, и така ги следевме натпреварите. Семејно сме љубители на фудбалот. Моите синови играат фудбал. Мајка ми ги следи сите натпревари, на домашен или на гостински терен. Се случува расправија кога велам да не оди на натпревари“, раскажа Ибрахим.