Suat Salgın
05 Април 2016•Ажурирај: 07 Април 2016
БАЛКЕЗИР (АА) - Спортска звезда во Ајвалик во западниот дел на Турција е двегодишната мисирка која игра фудбал.
Мисирката која често ја нарекуваат “Глу Глу Спор” и “Рикардо Куарезма”, живее на фармата на браќата Салих и Али Сурал, а има потези кои личат на оние што се користат во фудбалот. Кога ќе види топка, мисирката трча по неа и ја шутира.
Салих Сурал изјави дека сака да го поминува времето со животните на фармата и дека покрај мисирката, на фармата се наоѓаат и петли, кокошки, јагниња, мачки, кучиња и коњи.
„Забележав дека мисирката која ја нарекувам “Глу Глу Спор” беше премногу возбудена кога и да дојдеа дечиња на фармата за да играат фудбал. Кога забележав дека посебно ја сака топката и тркалезни работи, одлучив да ја дресирам. Заедно си играме со топката. Ја фрла во воздух и шутира. Многу добро ја води топката. Секој ден имаме тренинзи од 15 до 20 минути за да не го заборави она што го има научено, кажа Сурал за Anadolu Agency (AA).
Додава дека планира да дресира уште неколку мисирки и да направи тим.
Еден од посетителите е и Севил Текир која вели дека прв пат во животот гледа вакво нешто, и дека нејзиниот помал син играл фудбал со мисирката.