Besar Ademi,Cuneyt Davut
10 Април 2016•Ажурирај: 11 Април 2016
ИДОМЕНИ (АА) – Во бегалскиот камп во грчкиот град Идомени, кој се наоѓа на границата со Македонија, животот се враќа во нормала и благодарение на големиот број на улични продавачи, сè е достапно, достапни се сите основни потреби.
Поради секојдневниот развојот и проширувањето на бегалскиот камп во Идомени, помал е бројот на бегалците кои го напуштаат кампот во однос на бројот на новодојдените. Единствена пречка за бегалците претставува жичаната ограда на границата поставена од страна на македоската војска, а тие надевајќи се дека еден ден границата ќе биде отворена и ќе можат да го продолжат својот пат кон европските земји, одбиваат да бидат пренесени во други кампови, стравувајќи дека притоа е можно да бидат вратени во Турција.
Медицинските екипи кои нудат здравствена помош во кампот велат дека има бебиња кои се родени во кампот, неколку трудници пред породување а во кампот се згрижени околу 6.000 деца, од кои 4.000 се деца на возраст од 5 до 7 години. Хуманитарните организации се трудат да ги задоволат основните потреби и храна за бегалците. Покрај ова бегалците во кампот, за да преживеат, уште од самиот почеток станаа „трговци“ продавајќи храна, путер, облека, телефони, садови и нудејќи фризерски услуги.
Мобилниот продавач на лаваш леб (традиционален тенок леб), ирачанецот Осман Белак кој престојува во бегалскиот камп во Идомени, во разговор за АА изјави дека во кампот престојува два месеца и пред шест дена започнал да продава лаваш леб. Во сопствената држава бил чевлар и бидејќи ги потрошил парите, започнал со оваа работа, додаде Осман.
Осман вели дека дневно продава од 200 до 250 леба, кои ги купувал во градот Идомени од еден земјоделец за 0,80 евра, а ги препродавал за 1 евро. Храната која се дели во бегалскиот камп е недоволна и неквалитетна, што за овој бегалец била доволна причина тој да запоне со оваа работа, истакнува Осман. "Доколку бегалците подолг период останат, можно е кампот да стане „чаршија“ каде ќе може да се најде сè", изјави Осман.
Ирачкиот бегалец и мобилен продавач Осман вели дека кај луѓето се јавува копнежот по своите традиционални јадења, велејќи:
„Луѓето во кампот изразуваат желба и ги бараат своите традиционални јадења. Овдешната култура кон храната многу се разликува од нашата, луѓето конзумираат макарони и шпагети, на кои ние не сме навикнати. Нашата храна во Сирија е многу повкусна“, раскажува тој.

Сириецот Фадил Хашар кој во кампот престојува еден месец, во разговор за АА изјави дека работи како бербер две недели на едно столче со сопствен алат, а во својата земја оваа професија ја извршувал 19 години.
Поради долгиот престој во кампот и потребата од бербер во него, решил и тука да ја продолжи сопствената професија, а потребниот алат и еден стол ги порачал од Солун, додаде Сириецот Фадил.
„Сириските мажи посветуваат особено внимение на својот надворешен изглед и сакаат да им се даде форма на нивната коса и брада. Но многу работи во кампот недостасуваат. Помади, гелови, и останатите козметички производи се недостапни во кампот и се снаоѓаме со она што го имаме“ објасни бегалецот од Сирија по име Фадил, истакнувајќи дека тој дневно потстрижува од 20 до 25 бегалци, и знаејќи ја нивната лоша економска ситуација, не им наплаќа на најмалку десеттмина.
Потстрижувањето на косата и брадата го наплаќа 5 евра, вели тој истакнувајќи дека голем недостаток е што во кампот нема фризер, кој ќе ги задоволи потребите на жените во кампот.
Од друга страна, меѓународните организации задолжени за хигиената во кампот ангажираа локален хигиеничар, бројот на тоалети се зголемува и се очекува наскоро во кампот да се постават првите бараки кои би ги задоволиле потребите од електрична енергија.