Mutlu Demirtaştan
13 Мај 2016•Ажурирај: 13 Мај 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Денеска Мексико е домаќин на 66. Конгрес на ФИФА, јавува Anadolu Agency (AA).
Свеченото отворање се одржа во конгресниот 'Centro Banamex во Мексико Сити. На церемонијата учествуваа претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, 209 претставници на земјите-членки на ФИФА и голем број светски познати личности од фудбалот.
Инфантино на отворањето на конгресот им се заблагодари на присутните гости и по воведниот говор, беше презентирана изведба од традиционални мексикански танци.
На состаноците во рамките на конгресот, покрај реформите во администрацијата, ќе се гласа за членството на Косово и Гибралтар во семејството на ФИФА. Доколку на состанокот се донесе решение за прифаќање на овие две држави во членството на ФИФА, тогаш националните тимови на двете држави ќе добијат право да учествуваат во квалификациите на Светскиот куп 2018 во организација на ФИФА.