Mutlu Demirtaştan
12 Мај 2016•Ажурирај: 13 Мај 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Меѓународниот олимписки комитет (МОК) соопшти дека Олимписките игри ќе бидат одржани во планираниот период од 5-ти до 21-ви јуни оваа година во Бразил, и дека нема да има никакви промени без оглед на заканувачкиот ризик од ширење на опасниот вирус „зика”, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се наведува дека надлежните комисии и институции внимателно ја следат ситуацијата во Бразил и дека нема никакви сериозни причини за Олимпијадата да не се одржи според планот.
Ширењето на опасниот вирус зика во Латинска Америка, а посебно во Бразил, отвори жестоки дебати на прашањето дали Олимпијадата треба да се одржува во такви околности во Бразил.
Професорот од Универзитетот во Отава, Амир Атаран, го обвини МОК и Светската здравствена организација (СЗО) поради не размислување за иднината на децата кои би можеле да се родат со последици од вирусот, и поради немање доволно храброст да го одложат или сменат планот на одржување на Олимпијадата.
Според податоците на СЗО, од 2007 до 2016 година вирусот зика е регистриран дури во 44 земји од светот, а епидемијата е прогласена во 33 држави, вклучувајќи го и Бразил.