Fatih Erel
20 Декември 2016•Ажурирај: 20 Декември 2016
ЖЕНЕВА (АА) - Светската здравствена организација (СЗО) потврди дека од четвртокот до денес, од источен Алепо во Сирија се евакуирани 301 рането лице, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на СЗО, Тарик Јашаревиќ, на прес-конференција во Канцеларијата на ОН во Женева изјави дека вчера биле евакуирани 43 ранети лица и дека бројот на евакуираните ранети лица е зголемен на 301.
„Меѓу нив, 93 лица се во тешка здравствена состојба и се лекуваат во Турција. Останатите ранети лица се префрлени во Идлиб и во западниот дел на Алепо“, изјави Јашаревиќ.
Меѓу евакуираните ранети лица има 42 жени и 67 деца.
Портпаролот на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарна помош (OCHA), Јенс Лерке, потврди дека и денес е продолжена евакуацијата со помош на автобуси.
Тој истакна дека сѐ уште не знаат уште колку лица има во источниот дел на Алепо. Лерке нагласи дека денес се испратени 20 автобуси во местата Фуа и Кефреја, каде што исто така, покрај источниот дел на Алепо се врши евакуација.
Како што тизјави тој, во најкраток временски рок на ова подрачје ќе бидат испратени дополнителни 20 набљудувачи на ОН, кои ќе ја вршат надзор евакуацијата.
Да потсетиме дека во согласност со постигнатиот договор, со посредство на Турција и Русија, во четвртокот започна процесот на евакуација на цивилите од сирискиот град Алепо.
Во неделата беше обновен постигнатиот договор за прекин на судирите и евакуација на цивилите од Алепо, а покрај евакуацијата на цивилите од источните делови на Алепо, кои се под опсада на силите лојални на сирискиот режим, вчера започна евакуација и на цивилите од квартовите Фуа и Кефреја, кои се под контрола на прорежимскиот Хезболах, а под опсада на силите на сириската опозиција.
Евакуираните од источниот дел на Алепо се транспортираат во Идлиб, на границата со Турција, кој е контролиран од сириската опозиција, а пак цивилите од квартовите Фуа и Кефреја се евакуираат во деловите на Алепо што се под контрола на сирискиот режим.