Ekipa
13 Мај 2016•Ажурирај: 15 Мај 2016
ЊОН (AA) – Од Европската фудбалска федерација (УЕФА), соопштија дека финалето на Лигата на шампионите од оваа сезона помеѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид за пв пат во живо ќе се биде пренесувано наYou Tubе, јавува Anadolu Agency (AA).
УЕФА наведува дека гледачите во Велика Британија ќе можат бесплатно да ја гледаат утакмицата на веб страницата преку видео стриминг. Во Шпанија носител на првавата на емитување Bein Sports ќе го пренесува натпреварот на својот You Tube канал, така што ќе им биде достапнен за гледање на нивните претплатници.
Правата за пренос на финалето во Британија ги има пеј-ТВ емитерот "BT Sport", кој одлучи натпреварот да можат да го гледаат сите заинтересирани на нивниот You Tube канал и веб страницата.
На овој потег "BT Sport" се реши бидејќи гледаноста на Лигата на шампионите опадна откако ITV го загуби уделот во ТВ правата за емитување на натпреварите од ова натпреварување.