Bülent Aslan
19 Октомври 2016•Ажурирај: 19 Октомври 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот фудбалски клуб „Фенербахче“ избегна авионска несреќа на летот за Англија, каде што треба да се одигра средбата со екипата на „Мајчестер Јунајтед“, јавува Anadolu Agency (AA).
Приватиот авион со кој патувал турскиот клуб принудно слетал на аеродромот во Будимшпешта, поради ударот на птица на прозорецот од кокпитот на авионот.
Според соопштението кое го даде клубот, птицата удрила во прозорецот на кокпитот од авионот, со којшто патувале претседателот на клубот Азиз Јилдирим, раководството и фудбалерите. Од безбедносни причини авионот итно принудно слетал на унгарскиот аеродром во Будимпешта.
По слетувањето на аеродромот, откако е утврдено дека нема потреба од загриженост, челниците на клубот, заедно со фудбалерите со друг авион го продолжиле своето патување кон Англија.