Sarp Özer
17 Јануари 2018•Ажурирај: 18 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Двајца пилоти и техничар загинаа при пад на турски воен авион во југозападниот дел на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
„Од воздушната база во Ескишехир, воениот товарен авион CN-235 CASA, полетал според планот на вежбата утринава во 11.03 часот, а контактот со радарот го изгубил околу 12.50 часот. Спасувачките екипи во 14.30 часот северно од езерото Егирдир пронајдоа дел од авионот и тела на тројца загинати наши херои“, се наведува во соопштението на Генералштабот на турската војска.
После полетувањето од Ескишехир поради изведување вежба, авионот со двајца пилоти и еден техничар се урна на подрачјето помеѓу областа Јалвач и Чај.