Diyar Güldoğan
17 Јануари 2018•Ажурирај: 18 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, телефонски разговараше со неговиот руски колега, Сергеј Лавров, во врска со ситуацијата во Сирија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Турски дипломатски извори денес истакнаа дека Чавушоглу и Лавров размениле ставови во врска со случувањата во Сирија, за престојната конференција за Сирија која ќе се одржи во Сочи и за прекршувањата на огнот од страна на режимот на Башар ал-Асад.
Изворите додаваат дека телефонскиот повик бил на барање на Лавров.
Рускиот град Сочи е местото каде што на 29. и 30. јануари ќе се одржи Сирискиот конгрес за национален дијалог, со планирано учество на речиси 1.700 лица.
Сирија е зафатена од граѓанска војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал-Асад презеде мерки со неочекувана свирепост врз учесниците на продемократските протести.
Оттогаш, според ОН, во Сирија се убиени над 25.000 лица, а повеќе од 10 милиони лица се раселени.