Зеленски нареди ревизија на одбранбените договори со странски земји
Ревизијата ќе ги опфати сите клучни договори, вклучително и билатерални договори и заеднички проекти за изградба на фабрики за оружје во земјите партнери
МОСКВА (АА) - Украинскиот претседател Владимир Зеленски денес наложи ревизија на одбранбените договори со странските партнери, јавуав Анадолу.
Зеленски на состанокот на Владата изјави дека очекува извештај од министерот за одбрана Денис Шмихал и секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана Рустем Умеров во врска со ревизијата на договорите со партнерите и временските рокови за нивно извршување.
Ревизијата ќе ги опфати сите клучни договори, вклучително и билатерални договори и заеднички проекти за изградба на фабрики за оружје во земјите партнери.
„Ни треба прецизно време за имплементација. Заедно со секретарот на Совет за национална безбедност и одбрана на Украина и министерот за надворешни работи, ќе ја интензивираме нашата работа со партнерите во нашите постоечки формати“, рече Зеленски.
Тој, исто така, ја истакна зголемената соработка со партнерите во рамките на воспоставените рамки, особено Контакт групата за одбрана на Украина (формат Рамштајн).
Средба на министерско ниво е закажана за денес за да се разговара за понатамошните чекори, рече тој.
Потегот на Зеленски доаѓа откако агенциите за борба против корупцијата открија шема за мито од 100 милиони долари во енергетскиот сектор.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
