свет

Најмалку 21 Палестинец убиени во израелски напади низ Газа и покрај прекинот на огнот

Во бегалскиот камп Нусејрат, тројца Палестинци се убиени во израелски напад врз куќа до болницата Ал-Авда

Mohammad Sıo  | 22.11.2025 - Обновена : 22.11.2025
Најмалку 21 Палестинец убиени во израелски напади низ Газа и покрај прекинот на огнот Фото: Hassan Jedi/AA

ГРАД ГАЗА / ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 21 Палестинец, меѓу кои жени и деца, се убиени денес во серија израелски воздушни напади врз домови и возила во неколку области на Појасот Газа, што е ново кршење на прекинот на огнот што е во сила од 10 октомври, јавува Анадолу.

Портпаролот на Цивилната одбрана на Газа, Махмуд Басал, изјави дека пет лица се убиени, а други се ранети откако израелски напад со беспилотно летало погодило цивилно возило во близина на раскрсницата Абас во западниот дел на градот Газа.

Во истиот град, четворица Палестинци се убиени во израелски напад врз куќа на улицата Ал-Лабабиди.

Во централниот дел на Појасот Газа, Басал рече дека двајца Палестинци се убиени, а други ранети во израелски напад на куќа во близина на џамијата Билал бин Рабах во западен Деир ал-Балах.

Во бегалскиот камп Нусејрат, тројца Палестинци се убиени во израелски напад врз куќа до болницата Ал-Авда.

Исто така, во Нусејрат, седум Палестинци се убиени откако во израелски напад погодена е куќа во Камп 2.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.