Ekip
04 Март 2016•Ажурирај: 05 Март 2016
АНКАРА (АА) - Фоторепортерот на АА, Мустафа Хассона, кој е ангажиран во Газа, ја доби наградата за "извонредност на фотографијата во категоријата вести" на Меѓународниот конкурс за фотографија на годината, јавува Anadolu Agency (AA).
Сликата на Хассон "Не плаши се татко" е снимена на 11 октомври 2015 година, за време на нападот на израелската војска во појасот Газа.
На неа се фотографирани Јахја Хасан и неговиот петгодишен син Ахмед Хасан кои по извлекувањето под урнатините, во болницата се држат за раце додека чекаат да им се укаже медицинска помош.
POYI е еден од најпрестижните натпревари во светот за новинарски фотографии.
АА во последните три години доби три награди за оваа натпреварување. Фоторепортерот на АА од Египет во 2014 година, доби награда, додека фоторепортерот од Перу, ја доби наградата во 2015 година