Muhammed Macid,Said İbicioğlu
03 Мај 2016•Ажурирај: 03 Мај 2016
ГАЗА (АА)- Во Газа беше организиран протест, во знак на поддршка на палестинските затвореници во израелските затвори, јавува Anadoly Agency (AA).
“Слобода за Палестинските затвореници“, беше слоганот на транспарантите во рацете на демонстрантите пред Центарот на Обединетите нации (УНЕСКО) во Газа, организирани од страна на Националниот комитет за исламски сили и затвореници.
“Палестинските затвореници во израелските затвори секојдневно трпат болка како резултат на нанесените повреди што е спротивно на меѓународното право. Денес сме тука, за да ги потсетиме сите ,дека треба да учествуваме во спасувањето на животите на затворениците и во нивно враќање назад во своите семејства“, рече Џемил Мизхир, член на Народната политичка партија во изјава за АА.
Според податоците од палестинското Министерство за затвореници, во Израел во моментот, од вкупно 7.000 притворени лица, 480 се деца, 69 жени, 6 пратеници и 700 лица се административци.