Gülşen Topçu
22 Јули 2025•Ажурирај: 22 Јули 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Штрајк со глад под слоганот „Нема да јадеме додека најмалото дете не јаде“ започнаа новинари во Газа, известува Анадолу.
Пред два дена група новинари објави на социјалните мрежи дека започнале штрајк со глад во знак на солидарност со децата што гладуваат поради израелската блокада.
Наведувајќи дека ќе го продолжат штрајкот додека и најмалото дете во Газа не јаде, новинарите ја повикаа меѓународната заедница да ја исполни својата одговорност и да се вклучи во „движењето со празни стомаци“.
- Расте кризата со глад во Газа
Министерството за здравство во Газа на 20 јули објави дека 86 Палестинци, од кои 76 деца, починале од глад и неисхранетост од октомври 2023 година поради блокадата на испораката на хуманитарна помош од страна на Израел.
Високиот комитет за следење, кој се занимава со арапската заедница во Израел, вчера објави дека ќе започнат тридневен штрајк со глад против блокадата што продолжува во Газа и на Западниот Брег, гладта и израелските напади.