Hakan Çopur
03 Мај 2016•Ажурирај: 05 Мај 2016
ВАШИНГТОН (АА) – Потегот на САД за безвоено разрешување на конфликтот, кој самиот по себе бара воено решавање, претставува неуспешен потег во целост, оценува Роберт Форд, последниот амбасадор на САД во Дамаск воедно и Висок претставник на Блискоисточниот Институт, јавува Anadoly Agency (AA).
Форд даде своја генерална проценка за целокупната политика на САД кон Сирија и кон Блискиот Исток, предводена од претседателот Барак Обама.
„Според мене, политиката на САД кон Сирија е голем неуспех и сметам дека потегот на Обама за безвоено разрешување на конфликтот (во Сирија), кој самиот по себе бара воено решавање, претставува промашен потег во целост. Обама смета дека САД се премногу ангажирани на Блискиот Исток во последните 20 години”, се зборовите на Форд, дадени во интервјото во весникот „Атлантик”.
Неотповикувањето и недостигот на реакција од страна на Обама кон нападот на Асад во Алепо, според зборовите на амбасадорот Форд, претставува „апсурд во секоја смисла”.
„САД не им дава оружје на одредени исламски групации во Алепо, плашејќи се дека истите би стигнале до рацете на Нусра”.
Од друга страна, САД знаејќи го фактот дека ЈПГ војува заедно со ПКК, го одобрува снабдувањето со оружје на ЈПГ. Според мене, во дадената ситуација постои една нерамнотежа и дволичност“, истакна Форд.