Muhammed Macid,Meryem Kasım
07 Мај 2016•Ажурирај: 07 Мај 2016
ГАЗА (АА) - Во пожарот што избувна минатата ноќ во куќа во појасот Газа загинаа три деца, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на цивилната одбрана на Палестина, се наведува дека пожарот избувнал во бегалскиот камп Ес-Шати, во западниот дел на Газа и дека пожарот што избувна во куќата на семејството Абу Хинди, загинаа три деца.
Според првичните информации, пожарот бил предизвикан од запалена свеќа поставена на машината за перење која се превртела и предизвикала пожар.
Жителите на Газа од 2006 година, кога израелските сили ја бомбардираа единствената централа за производство на електрична енергија во таа област, имаат проблем со недостиг на електрична енергија.
Свеќите кои жителите се принудени да ги користат за осветлување, се честа причина за пожар.