Amina Zorniç
07 Мај 2016•Ажурирај: 08 Мај 2016
НАЈРОБИ (АА) - Владата на Кенија одлучи да ги затвори сите бегалски кампови во земјата, вклучувајќи го и Дадаб, најголемиот бегалски камп во светот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според CNN, Дадаб на границата на Кенија со Сомалија, дом е за повеќе од 300.000 луѓе. Кампот беше изградена во 1990 година, главно за Сомалијци кои со години бегаат од граѓанската војна.
Висок владин службеник од Министерството за внатрешни работи Kаранја Kибичо во денешната соопшти дека Владата се одлучила на споменатиот чекор поради "сериозни економски, безбедносни и еколошки проблеми" со кои се соочуваат.
Кенија уште минатата година најави затворање на сите бегалски кампови од истите причини, но одлуката беше повлечена поради "меѓународен притисок".
"Кенија, земајќи ги во предвид интересот на нејзината национална безбедност, одлучи повеќе да не биде домаќин на бегалците", рече Kибичо без да прецизира каде бегалците ќе бидат сместени по затворањето на камповите.