Emin Avundukluoğlu
19 Октомври 2016•Ажурирај: 20 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Ирачкиот град Мосул и сирискиот град Алепо се два града кои ќе го одредат правецот на борбата против ДЕАШ, истакна денес турскиот вицепремиер, Нуман Куртулмуш, јавува Anadolu Agency (AA).
Тезата на Турција е тоа што Мосул е еден од клучните градови во борбата против ДЕАШ.
„Покрај тоа, ситуцијата во Мосул и тоа како ќе биде обликувана неговата иднина, е клучно за обезбедување траен мир во регионот”, изјави Куртулмуш за новинарите во Анкара.
„Истото важи и за Алепо. Алепо и Мосул се два града кои ќе го одредат идниот тек на борбата против ДЕАШ”, додаде тој.
Вицепремиерот изјави и дека избегнувањето на борбите меѓу различните деноминации во Мосул претставува една од црвените линии на Турција.
„Една од црвените линии во однос на Мосул е да се стои понастрана од каков било развој на настаните кои можат да доведат до судири меѓу различните деноминации. Откако регионот ќе биде расчистен од ДЕАШ, важно е да не се дозволи продор на ниедна друга терористичка организација или вооружена група. Сакам да нагласам дека тоа е од витално значење”, истакна Куртулмуш.
Ирачката армија и силите на курдската Пешмерга на 16 октомври ја започнаа офанзивата за заземање на градот Мосул - последното упориште на ДЕАШ во северен Ирак, кој е под опсада на терористичката организација уште од 2014 година.
Во средината на 2014 година, ДЕАШ го зазеде Мосул, пред да заземе поголеми делови од територијата во северните и во западните региони на Ирак
Во изминатите месеци, ирачката армија поддржана од локалните копнени сојузници и од коалицијата предводена од САД, зазеде поголем дел од територијата. Сепак, терористичката група остана да контролира неколку делови од земјата, вклучувајќи го и Мосул.