Dejan Maksimoviç
27 Април 2016•Ажурирај: 29 Април 2016
САРАЕВО (АА) - Алиша Кис ќе биде прва пеачка која ќе пее во живо на отварањето на финалето од Лига на шампиони во фудбалот, јавува Anadolu Agency (AA).
Овасезонското финале ќе се игра на миланскиот стадион „Сан Сиро“, а освен натпреварот, прилика да го видат настапот на Кис ќе имаат 80.000 присутни на стадионот и гледачите на ТВ екраните во преку 220 земји на светот.
Од Европската фудбалска федерација (УЕФА) рекоа дека се очекува настапот на Кис да го зголеми интересот за финална утакмица на Лига на шампиони.
Кис планира да ги претстави новите песни во Милано, а изјави дека настапот пред толку голем аудиториум ќе биде „поприлично луд“. Додаде дека се радува на враќањето во Италија, бидејќи оваа земја ја чувствува како свој дом.
„Семејството на мојата мајка е од Италија, така да кога и да одам таму чуствувам голема љубов. Чувствувам дека тоа ќе биде враќање во саканата куќа на повеќе начини“, изјави Кис.
УЕФА нагласува дека со настапот Кис ќе воведе нова забава во финалето на Лига на шампиони. Намерата ни е да го споиме светот на класичната музика, забавата и спортот, како и да го прославиме светот на дизајн и мода во знак на благодарност на домаќинот Милано.
Финалето Лига на шампиони ќе се игра на 28. мај оваа година. Во синоќешното полуфинале Манчестер Сити и Реал Мадрид одиграа со 0 0 . Вечерва во Мадрид ќе се натпреваруваат Атлетико и Баерн Минхен. Реванш натпреврите се на програма за 3-ти и 4-ти мај.