Handan Kazancı
27 Април 2016•Ажурирај: 27 Април 2016
АНКАРА (АА) - Anadolu Agency вчера ја отвори првата изложба на фотографии изложени на Istanbul Photo Awards 2016, јавува Anadolu Agency (AA).
Изложбата се состои од 30 фотографии избрани од жирито на составено од интернационални професионалци за вторите Istanbul Photo Awards.
На изложбата се презентирани фотографии кои ги опфаќаат главните настани од светот, а поставката ќе биде отворена до 1-ви мај.
Обраќајќи се на церемонијата на отворањето, заменикот генерален директор и главниот и одговорен уредник на Anadolu Agency Метин Мутаноглу истакна дека најголем дел од изложените фотографии на натпреварот се за тековната војна во Сирија.
„Како глас во регионот, Anadolu Agency со овој натпревар прави нејзиното присуство да се почувствува во инетарнационалната арена”, рече Мутаноглу.
Тој додаде дека фотографијата која што го покажува очајот на едно дете во една сириска болница беше најдобриот начин за да му објасни на светот за ситуацијата на со војна разорената земја.
Во жирито на Istanbul Photo Awards 2016 беше директорот на Шангајскиот центар за фотографија Лу Хеунг Шинг, извршниот директор на "Getty Images" Џорџ де Керл и други еминентни стручњаци во полето на фотографијата.
Фотографијата на рускиот фоторепортер Сергеј Пономарев, кој победи на Istanbul Photo Awards, подоцна ја освои Пулицеровата награда за фотографија оваа година.
Фотографијата на Пономарев ја прикажува „борбата” на сириските бегалци за "The New York Times". Тој победи на "Photo of the Year 2016" на натпреварот во организација на Anadolu Agency.