Özcan Yıldırım
10 Јули 2016•Ажурирај: 11 Јули 2016
АНКАРА (АА) - Два пропагандни филма кои говорат за военото новинарство на Anadolu Agency (АА) и тешкотиите со кои се соочуваат новинарите на Агенцијата во текот на известувањето овој викенд се прикажани во 1.500 кина и на националните телевизиски канали.
Генералниот директор на АА, Шенол Казанџи, рече дека приближувајќи се до 100-годишнината од основањето на Агенцијата, започнато е подготвувањето на филмот, кој ќе се фокусира на „новинарите на АА”.
„Со овој филм сакавме да им оддадеме почит на илјадници наши вработени кои цела година посветено работат и кои во секоја ситуација, па дури и во најтешките услови, испраќаат вести, интервјуа, изјави, а чии имиња не се ни познати. Сакавме да пренесеме порака до нашата јавност дека новинарот на АА е еден од вас, син, сосед и дека зад веста што ја слушате или читате стои работата на секој поединец”, рече Казанџи.

Тој додаде дека Anadolu Agency е основана пред 96 години, со цел испраќање порака од „Анадолија” во светот и дека и денес работи со иста визија.
Anadolu Agency има мрежа на новинари во 85 земји и своите вести ги објавува на 11 светски јазици.
Казанџи истакна дека во 60 секунди е презентиран тешкиот пат по кој одат новинарите на АА за да дојдат до вистината.
Филмот е проследен со различни ефекти и музика.
„Филмот, за програмата на военото новинарство, е направен со цел да се повикаат заинтересираните новинари за професионална обука во полето на военото новинарство која што ја нуди АА”, рече Казанџи.
Пропагандните филмови ќе можат да се погледаат на социјалните мрежи на АА, меѓу кои се наоѓа и YouTube.