Sibel Uğurlu
09 Март 2016•Ажурирај: 10 Март 2016
ИЗМИР (AA) - Во текот на средбата на делегациите на Турција и Грција во Измир во вторник потпишан е и протокол за соработка помеѓу Anadolu Agency (AA) и Грчката новинска агенцијаANA-MPA.
Претседателот на управниот одбор и генералниот директор на Anadolu Agency (AA) Шенол Казанџи и генералниот секретар на Министерството за информации и комуникации на Грција потпишаа протокол за соработка во присуство на премиерот на Турција Ахмет Давутоглу и грчкиот премиер Алексис Ципрас.
AA i ANA-MPA со тоа постигнаа договор за меѓусебната размена на соджините на вестите кои ги произведуваат.
Минатата година, Anadolu Agency потпиша спогодби за соработка и со азербејџанската новинска агенција AzerTac и индонезиската новинска агенција Антара.