Merve Yıldızalp
01 Декември 2019•Ажурирај: 03 Декември 2019
АНКАРА (AA) - Во тек е гласањето за избор на најдобра фотографија на фоторепортерите од Агенција Анадолија (АА) за 2019 година.
Изборот на најдобра фотографија во рамките на Агенцијата прв пат е одржан во 2012 година, а и оваа година ќе бидат избрани фотографии на годината во три категории.
Најдобрите фотографии во категориите „вести“, „живот“ и „спорт“ ќе бидат избрани меѓу 50 од оние што влегоа во потесен избор од повеќе од 750.000 фотографии.
Станува збор за фотографиите што фоторепортерите на АА ги снимиле во Турција, на Антарктикот, Сирија, Нов Зеланд, Индонезија, Франција, Брегот на Слоновата Коска и на другите места низ светот.
Во категоријата „вести“ во најтесниот избор учествуваат 17 фотографии, во категорија „живот“ 19 фотографии и во категоријата „спорт“ 14 фотографии.
Фотографиите што се наоѓаат во најтесна конкуренција за најдобра фотографија од денес се отворени за гласање на интернет-страниците „aa.com.tr/yilinfotograflari“ и „aa.com.tr/photooftheyear“. Гласањето е отворено до 31 декември.
Во минатогодишното гласање учествуваа 223.000 лица.