Fatjon Prronı
26 Мај 2016•Ажурирај: 26 Мај 2016
ДОХА (АА) - Академијата за новинарство Anadolu Agency (АА) потпиша договор за соработка со Медиа Центарот за обука и развој на катарската мрежа Ал Џезира.
Умит Сонмез, координатор на Академијата за новинарство на АА и Јаси Биср, менаџер на Ал Џезира за стратегија и развој, во средата потпишаа договор во на церемонија организирана во катарската престолнина Доха.
Договорот им овозможува на двете институции да разменуваат искуства и да организираат заеднички програми за обука.
Сонмез изјави дека Академијата за новинарство на АА и Ал Џезира Медиа Центарот за обука и развој потпишаа договор за "размена на искуства" и "извршување на заеднички активности и програми за обука" во иднина.
Тој додаде дека драгоценетото искуство на Медиа центарот на Ал Џезира во Заливот и Блискиот Исток и на Академијата за новинарство на АА во Турција, Северна Африка и на Блискиот Исток, ќе создаде нови можности за двете страни.
Во својот пост на Твитер, Сонмез посака соработката на Агенцијата Анадолија и Ал Џезира да "понуди нови можности за млади новинарски кандидати".