Fatih Erel
26 Септември 2016•Ажурирај: 27 Септември 2016
ЖЕНЕВА (АА) – Утре пред платото на Канцеларијата на Обединетите нации во Женева ќе биде отворена изложба на фотографии на Anadolu Agency (АА), во врска со обидот за државен удар од 15. јули од страна на терористичката ФЕТО. Изложбата ќе биде отворена на платото каде што се наоѓа споменикот – столче со скршена нога, коешто ја симболизира борбата против оруженото насилство врз цивилите, јавува Anadolu Agency (AA).
На оваа изложба, која ќе трае до 29. септември, ќе бидат изложени 30 избрани фотографии на агенцијата кои го одбележуваат обидот за државен удар.
Се очекува изложбата да привлече големо внимание, кај народот и кај борците за човекови права, но и кај амбасадорите, дипломатите, персоналот на ОН и медиумските работници.
Меѓународниот сојуз за човекови права и развој пред изложбата ќе организира конференција под наслов „Турската демократија е посилна од државен удар“.
Особено е важнотоа што една ваква изложба ќе се одржи кај споменикот – столче со скршена нога, коешто ја симболизира борбата против оруженото насилство врз цивилите и додека трае седницата на Советот за човекови права на ОН.
Високиот комесаријат за човекови права четири дена по обидот за државен удар, преку соопштение, не изразувајќи осуда за ваквиот обид, упати апел до турската Влада да не ги крши човековите права. Подоцна, на прес-конференција, по новинарското прашање од АА, комесаријатот беше принуден да го осуди обидот за државен удар.