Fatih Erel
05 Февруари 2016•Ажурирај: 06 Февруари 2016
ЖЕНЕВА (АА) - Панелот при Обединетите нации (ОН) тврди дека основачот на "WikiLeaks" Жулиан Асанж е „арбитрерно притворен” и ги повика Велика Британија и Шведска за негово ослободување, пренесува Anadolu Agency (AA).
Работната група на ОН побара да заврши Асанжовото лишување од слобода, оценувајќи дека мора да се почитува неговиот „физички интегритет и слобода на движење”.
Групата составена од петмина експерти, соопшти дека Лондон и Стокхолм би требало да му ја надокнадат штетата на Асанж.
Шведското обвинителство, кое Асанж го товари за силување, соопшти дека барањето на работната група на ОН за ослободување на Асанж и надокнадување на штетата „нема формално влијание на тековната истрага”.
Портпаролката Карин Росандер изјави дека обвинителот кој е одговорен за случајот „Асанж” не е во можност да ја коментира ситуацијата.
Асанж од јуни 2012 година престојува во зградата на амбасадата на Еквадор во Лондон за да избегне апсење по меѓународна потерница и испорачување на Шведска поради обвинение за сексуални напади кои тој ги негира.
ОН во 2014 година поднесе жалба во која Велика Британија и Шведска ги тужи за нерегуларно гонење, а работната група од правни експерти при ОН денес ги соопштија резултатите од истрагата за тој случај.
Одлуката на работната група на ОН нема обврзителен карактер, туку повик од советодавен карактер страните во случајот да постапат во согласност со утврденото.