Fatjon Cuka
05 Февруари 2016•Ажурирај: 06 Февруари 2016
ТИРАНА (АА) - Државниот секретар на Соединетите Американски Држави Џон Кери, на 14-ти февруари ќе допатува во официјална посета на Тирана, потврдено е од американскиот Стејт Департмент, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефот на американската дипломатија ќе го посети главниот град на Албанија во рамките на петдневната турнеја низ Европа, која ќе ја започне во Минхен, каде што ќе учествува на 52-та Конференција за безбедност.
Посетата на Кери на Тирана ја потврди албанскиот премиер Еди Рама, оценувајќи ја за „многу значајна во време на заеднички предизвици”
Кери во Тирана ќе се состане со највисоки албански функционери со кои ќе разговара за понатамошната евро-атланска интеграција на Албанија, како и за интензивирање на билатералните односи со Соединетите Американски Држави.