Ekipa
14 Август 2017•Ажурирај: 15 Август 2017
ЛОНДОН (АА) - Лондонскиот Биг Бен, најголемата саат-кула на светот со четири часовници, ќе престане да се огласува во наредните четири години поради реконструкција на познатата саат-кула, пренесува Anadolu Agency (AA).
Sвоното во часовникот на северниот дел од палатата Вестминстер од 21. август ќе престане да одѕвонува, а чеканите кои удираа во ѕвоното во последните 157 години ќе бидат тргнати.
Sвоното и понатаму ќе се слуша по повод важни настани, како што е одбележувањето на Неделата на сеќавање (Remembrance Sunday).
Обновата на Биг Бен ќе ја чини британската Влада 29 милиони фунти (38 милиони долари), а работата вклучува реконструкција на саат-кулата наречена по кралицата Елизабета II.
Стив Џагс, кој работи на одржувањето на Биг Бен, изјави дека механизмот ќе биде демонтиран дел по дел, а четирите часовници ќе бидат исчистени и поправени.
Биг Бен престанал да се огласува неколкупати во својата 157-годишна историја, но замолкнувањето на неговиот механизам на период од четири години ќе биде најдолгиот застој од почетокот на неговото работење.
По изградбата на саат-кулата во неоготски стил, механизмот на часовникот е завршен во 1854 година, по што на 7. септември 1859 година часовник официјално започна со работа. Биг Бен долга низа години важи за најточен часовник на светот, а звукот на неговото ѕвоно се користи кај многу часовници во светот.
Често нарекуван „голем господин”, Биг Бен е симбол на Англија и на нејзиниот главен град.