Amina Zorniç
02 Јануари 2016•Ажурирај: 03 Јануари 2016
ЛОНДОН (АА) – На улиците на британскиот главен град на први јануари се организираше традиционалната парада која го означува почетокот на новата календарска година, јавува Anadolu Agency (AA).
Во парадата на бои, песни и игри на улиците на Лондон присуствуваа повеќе од десет илјади изведувачи, чии изведби беа проследени од страна на половина милион гледачи.
Инаку, Парадата на Нова Година во Лондон, организирана од страна на управата на градот стана една од најголемите паради во светот, во кои се прикачени и припадниците на Кралската гарда.
Стотици од нив парадираа низ неколку области на Лондон, заедно со музичари, танчери, актери, училишни хорови, фанови и други учесници кои не се само од Велика Британија, туку и од сите краеви на светот.
Зимското попладне во Лондон вчера помина во добра атмосфера, која традиционално предвидува успешна тековна година.