Ekipa
23 Февруари 2016•Ажурирај: 24 Февруари 2016
ЛОНДОН (АА) - Речиси двесте највлијателни деловни луѓе предупредија на ризиците за инвеститорите и вработувањето доколку Велика Британија на референдум во јуни избере да излезе од заедницата од 28-те земји на Европската унија, јавува Anadolu Agency (AA).
Бизнис лидерите во писмо објавено во весникот "Times" пишуваат дека на економијата ѝ треба неограничен пристап до европскиот пазар ако е сака раст и инвестиции.
Меѓу потписниците на писмото се извршни директори на повеќе од една третина од најголемите компании во Велика Британија, вклучувајќи го BP, Burberry и AstraZaneca. Потписници се и директорите на аеродромите Хитроу и Гетвик.
Писмото е напишано со поддршка на канцеларијата на британскиот премиер Дејвид Камерон.