Ekipa
23 Февруари 2016•Ажурирај: 24 Февруари 2016
АМСТЕРДАМ (АА) - Едно лице загина а неколку се повредени во несреќа во која патнички воз излезе од шините во холандскиот град Далфсен, откако на железнички премин удрил во хидраулична дигалка, јавуваат локални медиуми, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во несреќата којашто се случи утринава околу 9:00 часот, 135 километри од Амстердам, четири вагони излегле од шините и се превртеле.
Локалните власти потврдија дека едно лице загинало и дека неколкумина се повредени, но не дадоа повеќе информации.
Градоначалникот на Далфсен, Хан Нотен, за холандските медиуми изјави дека во возот немало многу патници.
Властите покренаа истрага со цел да ги утврдат причините за несреќата.