Ekip
10 Февруари 2016•Ажурирај: 10 Февруари 2016
БЕРЛИН (AA) – Германската полицја соопшти дека заврши потрагата по страданите во железничата несреќа која во вторник се случи кај местото Бад Аиблинг. Во директен судир на два воза билансот е десет загинати и десетици повредени, потврди портпаролот на сојузната полиција, јавува Anadolu Agency (AA).
Стефан Сонтаг, портпаролот на полицијата рече дека во среда по контактирање на сите болници во регионот заклучено е дека нема исчезнати во остатоците од двата воза, како што претгодно беше наведено во извештаите.
На местото на несреќата истражувачите и персоналот на итната помош почна да работи на остранување на остатоците, обидувајќи се да ја дознае причината на несреќата. Властите се обидуваат да утврдат дали до несреќата дојде поради безбедносни пропусти и испитуваат можни технички проблеми како и евентуален човечки фактор.
Сонтаг додаде дека истражните органи и понатаму работат на идентификација на жртвите.