Ahmet Dursun
10 Февруари 2016•Ажурирај: 11 Февруари 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Иранскиот министер за одбрана Хусеин Декан, соопшти дека иранските и руските ресорни власти ги договориле деталте и дека Иран од Русија ќе купи воени авиони од типот "Sukhoi Su-30", јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот Декан за иранската новинска агенција „Tасним” рече дека сите детали од договорот за купување на руски авиони се договорени, вклучувајќ го и бројот на авиони, и дека останало само службено да се потпише договореното.
Декан рече дека се точни тврдењата за кои пишуваат меѓународните медиуми, дека Иран плански ги зајакнува своите воени капацитети, но ги негираше наводите дека Иран од Кина планира да купи воени авиони од типот "J-10".
Најави дека во првиот квартал од оваа година, сходно потпишаните договри, Русија на Иран ќе му го испорача првиот контингент од одбранбениот ракетен систем "S-300".