Mahmoud Barakat
29 Април 2016•Ажурирај: 01 Мај 2016
ТЕХЕРАН (АА) - Шеснаесет илјади меѓународни активисти за човекови права, вклучувајќи и Иранци, пратија писмо до Генералниот Секретар на ОН, Бан Ки-мун, барајќи ослободување на физичарот кој беше уапсен во Иран, објавено е нa веб сајтот 'Sahmnews' наклонет кон реформистите, јавува Anadolu Agency (AA).
Според писмото, 34-годишниот Умит Кокеби, докторант на Универзитетот Тексас во САД, отишол во Иран во 2011 година, но не му било дозволено да си замине.
Тој е осуден на 10 години затвор, бидејќи одбил да работи на проектите на иранската влада.
Иран го обвинува за поврзаност со странски универзитети и научни центри.
Активистите, вклучувајќи го и добитникот на Нобелова награда за мир, Ширин Ебадим, бараа ослободување за Кобеки, сметајќи го неговото апсење за „неправедно".