Dejan Maksimoviç
29 Април 2016•Ажурирај: 01 Мај 2016
САРАЕВО (АА) - Северна Кореја осуди американски државјанин на 10 години затвор поради шпионирање. Станува збор за Ким Донг-Чулу, 62-годишен натурализиран државјанин на САД, кој е роден во Јужна Кореја, јавува Anadolu Agency (AA).
Ким е уапсен во октомври минатата година, а своето кривично дело го призна јавно минатата недела во Пјонгјанг, додавајќи дека е платен од јужнокорејските разузнавачки служби.
САД претходно ја обвини Северна Кореја поради користење на своите граѓани како пиони во дипломатската игра. Пјонгјанг остро ги oтфрли ваквите наведувања. Во март оваа година американскиот студент Ото Фредерик Вармбир осуден е на 15 години затвор поради кражба на пропагандниот знак и поради „злосторство против државата".
Властите на Северна Кореја претходно наведоа дека Ким има УСБ стик кој содржи воени и нуклеарни тајни. УСБ-то кај него е пронајдено при апсење во посебната економска зона Расон.
Јавните признаниа на странските затвореници во Северна Кореја се честа практика. Пресудата на Ким доаѓа во момент на големи тензии. Пјонгјанг на почетокот од оваа година ја изврши својата четврта нуклеарна проба, а притоа и тестирање на балистички ракети, што доведе до заострување на меѓународните санкции. Според најавите од страна на Јужна Кореја, соседите од северот подготвиле терен и за петта нуклеарна проба.