?????
05 Ноември 2015•Ажурирај: 06 Ноември 2015
Генералниот секретар на Обединетите нации (ООН) Бан Ки-мун изјави дека за иднината на сирискиот претседател Башар Ал-Асад треба да одлучи сирискиот народ, пренесува Anadolu Agency (AA).
Бан во седиштето на ООН се состана со претседателот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, Питер Маурер, со кој разговараше за глобалните кризи, како и за чекорите кои треба да се преземат на овој план.
По состанокот Бан потсети на фактот за зголемениот број воздушни напади врз окупираните региони во Сирија, и дека насилството со Сирија треба под итно да се сопре.
Како што кажа, никаде во светот, па ни во Сирија, за кризата нема да се најде решение по воен пат.
Бан ги поздрави состаноците во Виена во врска со решавањето на кризата во Сирија, и кажа дека тоа е прв пат, по Женевскиот договор, да се постигне договор помеѓу меѓународните фактори.
Бан изрази надеж дека во текот на следните денови ќе има уште поголем напредок во пронаоѓање политичко решение за Сирија.
На прашањето за улогата на Асад во иднината на Сирија, Бан одговори дека „одлуката за иднината на сирискиот претседател Башар Ал-Асад треба да ја даде сирискиот народ“.
„За оваа тема стана збор и во Виена. Навистина тоа е тема за која треба да се разговара, како и за повторното придвижување на политичкиот процес и воспоставување на примирје во целата земја“, појасни Генералниот секретар на ООН.