Melda Altakhan
13 Мај 2016•Ажурирај: 13 Мај 2016
АНКАРА (AA) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган разговараше телефонски со генералниот секретар на Обединетите народи, Бан Ки Мун, јавува Anadolu Agency (AA).
Од изворот близок на турскиот претседател се дознава дека Бан во текот на разговорот му се заблагодарил на Ердоган со оглед дека во Истанбул на 23 и 24 мај ќе биде домаќин на Светскиот хуманитарен самит.
Бан нагласи дека верува дека од самитот во Истанбул на целиот свет ќе му биде пратена силна порака, а изразил и задоволство поради поддршката на Претседателството и Владата на Република Турција во организација на самитот.
Ердоган порача дека Турција има чест и задоволство по прв да го организира Светскиот хуманитарен самит и додаде дека ги продолжуваат подготовките самитот да помине во најдобар ред.
Во текот на разговорот нагласено е дека самитот ќе биде прилика и за размена на мислења кога се во прашање глобалните и регионалните случувања.
Бан и Ердоган исто така се сложија дека меѓународната заедница ќе има силна соработка во однос на прашањата на состојбата и бегалската криза.