Bedrudin Brlyavac
09 Декември 2015•Ажурирај: 09 Декември 2015
САРАЕВО (АА) - Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, изјави дека го осудува ставот на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, на муслиманите да им се забрани влез во Соединетите Американкси Држави (САД), јавува Аnadolu Agency (AA).
Неговиот портпарол Фархан Хак, потсети дека Бан во повеќе наврати говореше против сите облици на ксенофобија и изјава против мигрантите, расни и верски групи.
„Ние не мислиме дека било кој вид на реторика која се базира на исламофобија, ксенофобија, омраза кон некоја група, треба некој да ја следи“, рече Хак.
Инаку, Трамп во вторникот повика на „целосна“ забрана на влез на муслимани во САД, по неодамнешниот терористички чин во Калифорнија во кој беа убиени 14 лица.
Тој притоа изјави дека истражувањата покажуваат омраза на муслиманите кон Американците што може нацијата да ја доведе во опасност.