Ilgın Karlıdağ
23 Мај 2016•Ажурирај: 23 Мај 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Бан Ки-мун, ги повика светските лидери да ги пополнат празнините во однос на хуманитарните средства и да го поделат товарот за помош на луѓето на кои им е таа потребна ширум светот, јавува Anadolu Agency (AA).
„Мораме да пружиме повеќе директни средства на локалното население и заедниците и да го пополниме недостигот на хуманитарна помош”, изјави Бан на првиот Светски хуманитарен самит кој се одржува во Истанбул.
Во 2014 година, ОН објавија дека скоро 540 милиони долари буџет од глобалната помош, од вкупно 135 милијарди долари, е потрошено за намалување на ризикот од катастрофите.
„Ги повикувам хуманитарните организации, работејќи на заедничките приоритети да ги задоволат потребите на милиони луѓе кои имаат потреба од помош”, порача генералниот секретар на ОН.
Инаку, Самитот во Истанбул се одржува во период кога граѓанската војна во Сирија влегува во шеста година, додека Европа, од друга страна, се соочува со најголемата бегалска криза од Втората светска војна.
„Ние сме едно човештво кое ги дели своите одговорности. Дајте тоа да го решиме, сега и овде, не само да ги одржуваме луѓето во живот, туку и да им пружиме достоинствен живот”, истакна Бан на чија иницијатива се одржува Самитот, денес и утре.
Бан претходно апелираше до меѓународната заедница со цел да го намали бројот на внатрешно раселените лица за 50 отсто до 2030 година.
На Самитот во Истанбул, лидерите од над 60 земји ќе бараат одговори на итни прашања, а во склоп на Самитот ќе бидат организирани 15 специјални седници, 17 тркалезни маси и околу 300 пропратни активности.
Самитот започна со доаѓање на околу 60 претседатели на држави и влади, кои претходно се состанаа на деловен доручек со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.