Ilgın Karlıdağ,Handan Kazancı
23 Мај 2016•Ажурирај: 23 Мај 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседтел Реџеп Таип Ердоган говорејќи на Светскиот хуманитарен самит денес во Истанбул го окарактеризира актуелниот хуманитарен систем како „неадекватен во решавањето на итните проблеми”, јавува Anadolu Agency (AA).
Тој во контекст со тоа истакна дека само одредени земји го носат товарот на хуманитарната криза.
„Сега, секој треба да презеде одговорност по ова прашање”, рече тој.
Турскиот претседател истакна дека додека потребите се зголемуваат од ден на ден, фондовите не се зголемуваат со истото темпо.
„Сведоци сме на одредени потешкотии и тенденции на избегнување на одговорноста од страна на меѓународната заедница кога станува збор за финансиската помош”, рече тој.
„Турција е земја која ја знае оваа слабост и ја има искусено на погорчлив начин”, рече тој, додавајќи дека Турција има потрошено околу 10 милијарди долари за хуманитарна помош на околу три милиони бегалци на нејзина територија од почетокот на конфликтот во Сирија, а меѓународната заедница потроши околу 455 милиони долари.
Тој рече дека хуманитарниот самит треба да биде пресвртница во областа на финансиската помош.
- Реформи во Советот за безбедност при ОН -
Ердоган истакна дека се потребни итни реформи на Советот за безбедност при Обединетите нации со цел исполување на неговите функции.
Поточно, тој повика на ограничување на употребата на ветото од страна на петте негови постојани членки.
„Како држава Турција, ние направивме сè што можевме за да придонесеме кон петте најважни одговорности кои ги спомена господинот Генерален секретар (Бан Ки-мун)”, рече Ердоган.
Овие одговорности вклучлуваат: спречување и ставање крај на конфликти, почитување на правилата на војување, справувањето со присилното раселување, постигнување на полова еднаквост, одговор на климатските промени, намалување на потребите од помош и инвестирање во човештвото.
Ердоган повика на промени во Советот за безбедност на ОН во кој пет постојани членки се Русија, Кина, Франција, Велика Британија и САД. Секоја од овие земји има право на вето што им дава право да блокираат предлог-резолуции на Советот, дури и кога тие имаат широка меѓународна поддршка.
„Со цел Советот за безбедност да ги исполни своите главни задачи, потребни се итни реформи”, истакна Ердоган.
„Употребата на вето треба да се ограничи”, додаде тој.
Во текот на Светскиот хуманитарен самит, најмалку 50 лидери на влади ќе објават неколку заложби со цел редуцирање на хуманитарните катастрофи.
Самитот се случува во време кога сириската војна влегува во својата шеста година, во период кога Европа се соочува со најголемата светска бегалска криза од Втората светска војна и кога глобалната светска нееднавост го достигна својот врв во услови на постојан пораст на популацијата.
Турција е на третото место на листата земји со најголема меѓународна хуманитарна активност во 2012 и 2013 година, Турската Агенција за меѓународна соработка и координација ТИКА, се вели во Извештајот на Турската помош за развој од 2013 година, последните податоци од таков вид од агенцијата.
Според друг Извештај за глобалната помош за развој за 2013 година, првите пет земји се САД со 3.8 милијрди долари, потоа институциите од ЕУ (1.9 милијарди долари), Велика Британија (1.2 милијарди долари), Турција (1.0 милијарда долари) и Шведска со 784 милиони долари помош.