İdris Okuducu
26 Март 2016•Ажурирај: 27 Март 2016
БАГДАД ( АА ) – Генералниот секретар на Обединетите нации ( ОН ) Бан Ки-мун кој е во посета на Ирак, се состана со премиерот Хајдар Ал Ибади, пренесува Anadolu Agency (AA).
Бан продолжува со својата турнеја на Блискиот исток, а по дводневна посета на Либан премина во Ирак. Бан заедно со делегацијата беше свечено дочекан на Меѓународниот аеродром во Багдад, а беше дочекан од страна на министерот за надворешни работи на Ирак, Ибрахим Џафери.
Се очекува делегацијата на ОН по состанокот во Багдад да отпатува за Ербил, каде ќе се состане со претседателот на Регионалната курдска управа на Северен Ирак, Месут Барзани.