Tayfun Salcı
26 Март 2016•Ажурирај: 28 Март 2016
ЛОНДОН (АА) - Еден од главните весници во Велика Британија, The Independent , денеска излезе за последен пат, јавува Anadolu Agency (AA).
Весникот, кој денес за последен пат излезе во печатено издание од утре за читателите ќе биде достапен само во онлајн за читателите.
Во својот последен број, весникот како дистрибуираше и четири други додатоци, а на насловната страна пишуваше: '' За 30 години се боревме против лицемерието, незнаењето, деспотизамот и сиромаштијата. Доколку Ви значи тоа што правиме продолжете да не следите онлајн. ''
Во последното печатено издание во весникот пишуваше и британскиот премиер, Дејвид Камерон кој изрази жалење што весник како The Independent, во печатено издание денес излегува за последен пат.
''Овој весник 30 години го мереше пулсот на настаните внимателно и интелигентно. Можеби не секогаш сме имале исто миселње но The Independent одигра важна улога во срцето на слободата на медиумите."
Завршување на печатеното издание на овој весник за прв пат беше прогласена од страна на ЕСИ Медиа. Во нивната изјава, тие најавија дека The Independent нема да се појавува во печатено изданије после месец март.
Весникот, чии тираж падна на 40 илјади примероци беше објавен за последен пат денес.
The Independent постојано беше во загуба, беше купен од страна на рускиот милијардер Александар Лебедев во 2010 година со симболична сума од 1 фунта. Лебедев, кој е поранешен агент на КГБ менаџирањето на овој весник му го имаше дадено на Евгениј кој е британски државјанин.
The Independent со својата левичарска идеологија го привлече вниманието во 2003 година со ставовите против воената интервенција на САД и Велика Британија во Ирак.